Живот
30. March 2017 - 17:53

Тие се хит: Имаа 19 деца и ги растат без социјална помош, 20-тото бебе е на пат

Ноел и Сју Радфорд од Лакашир во Велика Британија на мрежите поставија снимка од ултразвукот на своето бебе.

Тоа за нив е 20-тото бебе во семејството во која има 10 момчиња и 9 девојчиња. Тие ги освоија симпатиите ширум земјата зошто на најтежок начин се борат за издржување на своето семејство.

Сопственици се на пекари во која работата по 11 часа, а живеат во преправен дом за стари вреден 240.000 фунти кој го купиле без кредит.

Неделно трошат по 300 фунти за храна, со 8,5 литри млеко и 3 литри сок што ги пијат секој ден. За Божиќ имаат буџет од 100-250 фунти по дете, а за роденден до 100 фунти.