Живот
16. March 2016 - 11:26

Тие имале секс секој ден во месецот и еве што се случило!

Три пара, од кои два хетеросексуални и еден хомосексуален, го прифатиле предизвикот - одлучиле да водат љубов секојдневно во текот на 30 дена.
 
- Сексот ја одржува хемијата, физичкото зближување со саканата личност помага емотивно, дури и духовно да се поврзете, тврди сексуалниот терапевт Ава Кадел.
 
Сепак, паровите приметиле дека секојдневниот секс воопшто не е толку забавен како што очекувале.
 
Еден од паровите „паднал’“ веќе на осмиот ден, а другите признале дека им било страшно тоа што најубавата работа на светот им се претворила во обврска.
 
- Испадна многу, многу потешко отколку што очекувавме, заклучија сите парови.
 
На крајот од предизвикот признаа дека повеќе никогаш нема да го форсираат „распоредот“ на сексот, но дека ова искуство им ги отворило очите.