Македонија
10. October 2017 - 17:24

Тевдовски: Зголемувањето на минималната плата се исплаќа согласно донесениот закон

 Минималната плата се исплаќа согласно донесениот Закон, а одредени институции деновиве на своите вработени веќе им ја исплаќаат платата почитувајќи го законот, истакна денеска министерот за финансии, Драган Тевдовски при посетата на касарната во Штип.

-Станува збор практично за редовно исплаќање на плати и Министерството за финансии ќе се држи до законите кои се донесени од Парламентот на Република Македонија, вели Тевдовски.

Прашан дали ќе ги прифатат забелешките на Антикорупциска комисија во време на избори да не се исплаќа зголемување на минималната плата, Тевдовски е категоричен дека тие како Министерство за финансии ќе ги почитуваат донесени закони од страна на Собранието на Р.Македонија.

Министерката за одбрана, Шеќеринска потврди дека вработени во АРМ кои имале плати под минималната плата, веќе од овој месец добиле зголемување согласно законот за минимална плата.

-Министерството за одбрана е и едно од тие институции, каде што имаше вработени кои во минатото имаа пониска од минималната плата со закон утврдена и денеска како и во другите институции беше потврдено дека и за тие во Министерството за одбрана и во Армијата новата исплатена плата е согласно законот за минимална плата. Законите мора да бидат посилни од секој од нас, вели Шеќеринска.