Бизнис
28. November 2017 - 19:39

Тевдовски: Зголемена е наплатата на даноците

Зголемена наплата на даноци, побрз поврат на ДДВ за фирмите. Ова, според министерот за финансии Тевдовски, се должи на  подобрената економска активност последните месеци. Од јануари до сега , наплатата е зголемена за 4,7% во однос на истиот период лани, или од планираните приходи до крајот на годината собрани се  речиси 80%.  

 Процесот е сериозно забрзан во однос на претходните години и внесува повеќе ликвидност, фирмите повеќе работат, а потоа плаќаат даноци. Така што ние сме задоволни од овие процеси , изјави Драган Тевдовски, министер за финансии.

Да се забрза наплата на даноци бара и Европската Унија. Постојано треба да се инвестира и во намалување на админстративното оптоварување на даночните обврзници, со подобрување на услугите и поедноставување на процедутите

Во последните 3 години, ЕУ финансирал 7 проекти во вкупна вредност од 1,5 милиони евра за подобар квалитет на услугите на УЈП и на  граѓаните – даночни обврзници.  За реформа во даночната админситрација, унијата издвои упште 6,4 милиони евра преку ИПА 2 програмата. Една од клучните реформи е и  пополнетата даночна пријава, каде граѓаните од 2019 та година веќе нема да мора да понесуваат ГДП, туку управата ќе им ги праќа пополнети дома или електрински.