Бизнис
16. October 2017 - 19:38

Тевдовски: Се очекува раздвижување на економијата и влез на нови компании

Приближувањето кон НАТО ќе ги отвори враттите за влез на нови странски компании во Македонија, изјави министерто за финансии Тевдовски од самитото со Светска банка и ММФ во Вашингтон. Тој посочи дека паралелно се работи и на поврзување и зголемување на соработката на домашните со  инвеститорите од автомобилската индустрија нешто што досега недостасувало, а со што дирекно ќе се влијае на зголемување на ангажманот на македонските фирми. По овогодинешната стагнација, очекува постепено раздвижување на економијата која  во изминатиот период генерираше лоши резултати поради политичката нестабилност во која западна Македонија.

Оптимистичките проектции за глобалната економија според Тевдовски се добри и за нашата земја. Македонија е мала и отворена економија чиј просперитет зависи од случувањата во земјите од Европа каде се пласира најголем дел или 70 отсто од производството.

Според последните проектции на ММФ Македонија годинава ќе ја заврши со раст од 2,5 отсто. Бројките се под просекот на европските земји во развој, а во споредба со регионот само БИХ ќе има ист раст како Македонија.

Очекувањата се и дека годинава инфлацијата ќе  изнесува 1,7, а дефицитот 2,3 отсто.

За догодина проекциите се дека домашната економија  ќе порасне за 3,2 отсо исто колку што се проекциите на министерството за финансии. За 2019 растот ќе биде 3,8. За глобалната економија ММФ предвидува пораст од 3, 6 отсто за годинава.