Бизнис
28. јуни 2017 - 18:29

Тевдовски: Од септември, со државна поддршка, минималната плата 12.000 денари

Од септември нема да има пониска плата од 12.000 денари. Државата ќе ги стимулира компаниите да ги зголемат најниските примања. Поддршката ќе изнесува до 2000 денари по работник месечно, што е всушност разликата меѓу сегашната и идната минимална плата. Буџетот ова ќе го чини 1,5 милиони евра месечно или 6 милиони до крајот на 2017.  Клучно е да нема отпуштања, а платата да се исплаќа во целост за што ќе бидат задолжени инспекторите за труд и УЈП.

Поддршката ќе се исплаќа по исплатата на бруто платата со што ќе се обезбеди полнење на фондовите за пензиско и здравтевсно, но и подобар стандард за работниците.

За работодавачите, предлогот за зголемување на минималната плата за 16% не е голем товар. Но, останува да се прецизираат деталите за да не ддојде до тн урамниловка, односно подобрите работници кои сега земаат по 12.000 да се изедначат со оние кои помалку се залагаат.

Во земјава околу 130.000 работници или над 23% од сите вработени работат за плата под 12.000 денари.