Бизнис
17. September 2017 - 17:19

Тевдовски: Нема потреба од ревидирње на предвидениот раст на економијата

Предвидениот еконмски раст за годинава од 2,2 отсто е остварлив , смета министерот за финансии Тевдовски. И покрај падот во градежнито сектор кој важеше за двигател на економијата и закажаните локални избори Тевдовски тврди дека нема потреба од ревидирање на предвидениот раст. Вели економијата се придвижува, а показател за тоа е и состојбата со полнењето на буџетот.

Посочи дека  до крајот на годинава не е  планирано да се издаде нова еврообврзница .Обврските ќе се  финансираат  од домашниот пазар каде задолжувањата  ќе се прават по пониски каматни стапки.

И бизнис заедницата и Агенцијата Стандар и пурс  посочија  дека годинава Македонија ќе ја заврши со раст од 1 процент, како резултат на политичките случувања изминатиот период. Од агенцијата посочуваат дека овој раст е привремен и очекуваат развижување на економијата кон крајот на годинава  и раст на БДП од 3 проценти во периодот на 2018 до 2020 година.

Тевдовски информираше и за тоа што се  било сработени во изминатите 100 дена. Скратени  биле непродуктивните трошоци , редовно се врши повратот на ДДВ, донесено е решение за зголемување на минималната плата на 12 илјади денари, а најголема цел било да се стави ред на јавното трошење.