Бизнис
28. јуни 2017 - 10:04

Тевдовски на средба со стопанските комори за минималната плата

Министерот за финансии Драган Тевдовски денеска ќе одржи средба со претставници на стопанските комори за зголемувањето на минималната плата. 

Со средбата продолжува отворениот дијалог кој почна минатиот петок кога во Министерството за финансии на разговори за минималната плата беа синдикалците.

Според предизборното ветување на Владата, минималната плата во земјава треба да изнесува 12.000 денари и да биде иста за сите. Министерот Тевдовски изјави дека ваквата проекција е можна, а за нејзино реализирање ќе се крати, нагласи, од комотитетот на власта. 

По разговорите со синдикалците и коморите, министерот за финансии треба да има средба и со работодавачите. - И тие му даваат поддршка на нашиот предлог. Велат дека апсолутно има простор за зголемување на минималната плата но, само ако нема политички притисоци и казни, истакна Тевдовски пред средбата со синдикалците во петокот.

Договорените решенија со сите засегнати страни околу висината на минималната плата ќе бидат претставени и дебатирани и пред Економско-социјалниот совет.