Македонија
10. October 2016 - 16:44

Тевдовски: Малите и средни претпријатија приоритет за СДСМ

-Јакнењето и развојот на малите бизниси е приоритет во економскиот план на СДСМ. Годишната државна поддршка за развојот на малите и средните претпријатија од сегашните 150 илјади евра ќе го подигнеме на 20 милиони евра, за до крајот на мандатот да изнесува 50 милиони евра годишно. Овие средства ќе бидат надополнети со надворешни кредитни линии, како на пример таа од Европската инвестициона банка и ќе бидат доделувани во еден цел заокружен систем на поддршка кој ќе вклучува од поддршка за започнување на бизнис, поддршка за отворање на работно место, поддршка за полесен пристап до финансии, потоа создавање на мрежи и кластери, поврзување на домашни со странски претпријатија. Исто така ќе има поддршка за извоз и иновации и пренос на технологии од странство, изјави Драган Тевдовски, член на Извршниот одбор и претседател на Комисијата за економија на СДСМ.