Македонија
20. July 2017 - 19:45

Tевдовски: Државата му должи на стопанството 363 милиони евра. ВМРО-ДПМНЕ: Владата да почне да се грижи за економијата и да не бара оправдувања за нереализираните ветувања

Нов, скриен долг од 363 милиони евра  на државата кон стопанството .  Станува збор за  неевидентиран доспен долг до 31 мај годинава, чии фактури се стигнати а наплата, а се чувале во фиоки, објави министерот за финансии Тевдовски. Најголем дел од неплатените обврски се од буџетот и од јавните претпријатија, кои должат по 97,6 милиони евра.  Од буџетските корисници најмногу неплатени обврски имаат дејностите од културата,  образованието и здравството . Од јавните претпријатаи МЖ транспорт  има најголеми долгови, од  40 милиони евра. Следува Мепсо, па Македонија  пат.

Од Општините – најмногу неплатени обврски има Охрид, Тетово и Карпош, додека пак од јавните претпијатија основани од општините најголеми неплаќачи се Куманово, Охрид и градот Скопје.

За плаќање на обврските и справување со долговите се договара проект со Светска банка.

Реагираа од ВМРО ДПМНЕ..Кога Тевдовски зборува за задолженост веројатно мисли  на 70 тината милиони евра , кои тој преку аукции на државни хартии ги направи во последните 40 дена. Се работи за набрзина подготвена прес конференција исполнета со пауашлни и неточни бројки, што говори и фактот дека министерот не знаеше да каже кога и како  овие наводни долгови биле направени, се вели во соопштението  оваа партија. 

Во 2013 та година тогашниот примиер Груевски изјави дека државата целосно се раздолжила кон стопанстово. По основ на ДДВ и извршени услуги, тогаш врати   92 милиони евра.