Македонија
26. November 2016 - 13:10

Тетовка погодена од заскитан куршум

И.А.(69) од тетовската населба Дреновец - Порој синоќа во 22 часот и 30 минути била погодена од куршум од огнено оружје што и нанел влезна рана во левата натколеница и скршеница на коската.

Како што инфомира портпаролот на СВР Тетово Марјан Јосифовски, повредената кажала дека во поосчениот период излегла од дома и се упатила кон куќата од нејзиниот брат во соседството кога слушнала истрел, почуствувала болка во ногата и паднала на земја. Со помош на нејзини соседи била пренесена на хирушкото одделение од тетовската клиничка болница каде по извршениот оперативен зафат при што било извадено зрното од ногата, била задржана на болничко лекување и се наоѓа вон животна опасност.

- По овластување на јавен обвинител, на местото од инцидентот увид извршила екипа на СВР Тетово. Се работи на утврдување на тоа кој, како и од каде пукал и како е повредена тетовката, рече Јосифовски.