Фудбал
17. August 2017 - 13:23

Тетовци во Милано ќе се надигруваат со италијанскиот гигант

Тетовска Шкендија вечерва на САН Сиро ќе има тешка задача во дуелот со фаворизираниот Милан во плејоф мечот за влез во групната фаза во Лига Европа
 
Македонскиот вицешампион не сака лесно да ја продаде кожата, иако јасно е дека Милан е апсолутен фаворит.
Шефот на стручниот штаб Османи потенцираше дека фаворит на натпреварот е Милан, меѓутоа тетовчани не се дојдени на туризам-прошетка во Милано.
 
– Играме против еден гигант кој многу значи во фудбалот. Многу јасно се знае кој е фаворит на натпреварот. Со огромна почит, но тука не сме дојдени на туризам прошетка. Покажавме добра игра на претходните натпревари од евро-сцената. Ќе дадеме се од себе и сега, ќе се потрудиме да изненадиме и да се покажеме во најдобро светло. Се надевам дека ќе одиграме на посакуваното ниво, – дециден е Османи.
 
Капитенот Хасани истакна дека најважно од се е дека атмосферата во тимот е одлична што е главен предуслов за добар резултат.
 
– Атмосферата во тимот е на посакуваното ниво. Се чуствува позитивна енергија и воопшто нема притисок меѓу играчите. Тука сме дојдени да се покажеме во најдобро светло и да одиграме на посакуваното ниво, – изјави Хасани.