Тетовчани повторно на протест пред Општината поради загадувањето
Втор ден по ред жители на Тетово организирани преку социјалните мрежи протестираа против состојбите со третманот и палењето на сметот на претоварната станица на влезот во градот.
Жителите на Тетово се собраа на градскиот плоштад по што повторно се упатија кон зградата на Општината. И денеска како и вчера од страна на учесниците во протестот беа фрлени повеќе кеси со ѓубре пред влезот во општината, а дел од присутните фрлаа и со јајца врз објектот.
Дел од учесниците се надеваат дека денешниот старт на работите за расчистување на депонијата нема да остане само на тоа туку дека конечно сметот ќе биде отстранет од тој простор.
- Надежта умира последна само ако ние не умреме или не се разболиме претходно од големото загадување од депонијата. Сепак се надевам дека властите ќе имаат слух и оти ќе се реши овој проблем со депонијата, рече Небојша Стојановски.
За Олгица Алампиоска овој проблем со сметот би требало да се реши што е можно побрзо.
- И претходно сме имале проблеми, но изминатите денови не можеше ни да се спие поради страшната миризба и чадот насекаде низ улиците и по домовите, рече Алампиоска.
По околу половина час пред зградата на општината учесниците во протетот мирно се разотидоа.
Ново на Сител
-
ЈСП Скопје: Можни се технички проблеми при валидирање со телефон или апликацијата „Скопска“
-
Ангелов: Би работел за СДСМ но за плата од 5000 евра
-
МЗШВ: Лозарите добиваат гарантирана откупна цена на винското грозје
-
Македонија и 11 членки на НАТО ја зајакнуваат соработката за обука на воени пилоти
-
ССМ на 2 април на протест поради одлуката на Врховниот суд, ќе протестира и на 1 мај
-
Полицајци спроведуваат политичка кампања, училиште претворено во штаб на ДУИ
-
Приведено уште едно лице за убиството на докторот во Железара
-
Вработените во здравството најавуваат протест на 8 април