Фудбал
17. October 2017 - 18:17

Тетекс во четвртфиналето на Купот на Македонија

Фудбалерите на Тетекс први изборија пласман во четвртфиналето на Купот на Македонија откако попладнево во дуелот на второлигашите го совладаа Кожуф од Гевгелија со 3:2 во реванш осминафиналето.  Првиот натпревар заврши без победник 2:2 и Тетекс е победник со вкупен резултат 5:4.
 
Тетекс поведе со голот на Емир Азири, а на 2:0 од пенал зголеми Марио Станковски. Гевгеличани со головите на Марјан Ристовски и Ристе Каракамишев изедначија на 2:2, а  „златниот гол“ за победа го постигна Енис Дервиши и во 70. минута.
Другите реванш осминафинални дуели се играат утре со почеток во 14:30 часот, додека осминафинален дуел Вардар и Шкупи е одложено поради настапите на Вардар во Лига Европа.