Македонија
4. March 2016 - 9:04

Тешко повреден пешак во сообраќајка во Скопје

Во текот на вчерашниот ден на подрачјето на Град Скопје се случиле вкупно девет сообраќајни незгоди, од кои седум се со последици материјална штета, а една е со последица телесна повреда. 

Се случила и една незгода во која еден пешак се здобил со тешка телесна повреда. 

Во текот на изминатиот ден по спроведените контроли над учесниците во сообраќајот од страна на сообраќајната полиција, откриени и санкционирани се поголем број на прекршоци.

Самостојниот инспектор од СВР - Скопје Драган Вељаноски за МИА информира дека се преземени мерки за 34 возачи кои не ги почитувале ограничувањата на брзината на движење, 5 возачи се исклучени од сообраќај ги управувале своите возила под дејство на алкохол и 7 возачи поминале на црвено светло на семафорот. Единаесет возачи за време на управување на моторните возила, не го користеле сигурносниот појас или го користеле мобилниот телефон, а пет пешаци поминале вон обележан пешачки премин, или пак поминале на црвено светло на семафорот за пешаци.

Со помош на специјалното возило во текот на изминатиот ден отстранети се 72 возила.

Во текот на вчерашниот ден Одделениеот за превенција при СВР одржа сообраќајна поука на тема „Безбедност на пешаците“ на која присуствуваа граѓани учесници во сообраќајот кои сториле прекршоци по разни основи во својство на Пешаци.

Во делот на превентивните активности денеска ќе одржиме едукативни работилници со учениците од второ и четврото одделение во О.У „Рајко Жинзифов“ општина Бутел.

Во сабота во спортскиот центар Јане Сандански во рамки на лигата на шампионите ќе се одигра маѓународен ракометен натпревар помеѓу РК Вардар и Монпеље од Франција.

Со цел непречено и безбедно одвивање на оваа спортска манифестација, од наша страна ќе бидат превземени соодветни мерки за сообраќајно обезбедување и пренасочување на сообраќајот