Македонија
4. January 2016 - 14:19

Тешко повреден пешак во сообраќајка во Ресен

Педесет и петдишен ресенчанец синоќа тешко е повреден во сообраќајна несреќа што се случила во Ресен.

Како што соопшти полицијата, сообраќајката се случила околу 21 часот на ул.„Михајло Бочкаровски“ во Ресен, во која Н.Ч.(22) од ресенското село Евла, управувајќи патничко возило „сеат кордоба“ со ресенски регистарски ознаки, удрил во пешакот Д.Ј.(55) од Ресен.

Во незгодата пешакот Д.Ј. се здобил со тешки телесни повреди (крварење на мозокот) по што е задржан на лекување во ЈЗУ-Ресен. Увид на местото на настанот извршила екипа од Полициската станица Ресен.