Македонија
31. December 2017 - 11:02

Тешко повреден пешак од Горно Дупени

 - З.Ч. (51) од село Горно Дупени е тешко повреден откако во него удрило патничко моторно возило со засега непозната марка и регистарски број.

Според МВР, несреќата се случила на регионалниот пат Ресен - село Царев Двор, а е пријавена вчера попладне. Со возилото управувало непознато лице кое веднаш избегало.

З.Ч. е пренесен во Медицинскиот центар - Битола.

Увид на лице место изврши екипа од Полициската станица - Ресен