Македонија
4. јуни 2017 - 13:20

Тешко повреден мотоциклист во сообраќајка во Свети Николе

Деветнаесетгодишен мотоциклист е тешко повреден во сообраќајната несреќа со товарно моторно возило што се случила вчера во Свети Николе.

Како што се наведува во полицискиот билтен, сообраќајката се случила вчера околу 16:30 часот на крстосницата на ул.,,11-та Македонска бригада“ и ул.,,29-ти Ноември“ во Свети Николе помеѓу товарно моторно возило ,,Мерцедес“ управувано од Д.Б.(35) од Свети Николе и мотоцикл ,,Кавасаки“ без регистарска табличка управуван од К.Л.(19) од Свети Николе.

Во незгодата тешки телесни повреди добил Д.Б. кој со возило на Итна медицинска помош е пренесен во Клиничкиот центар Штип за укажување на лекарска помош, а потоа во Клиничкиот центар Скопје каде му се констатирани тешки телесни повреди и се наоѓа во животна опасност.

Увид на местото на сообраќајката извршила екипа од Полициската станица Свети Николе.