Македонија
7. July 2017 - 13:21

Тешка сообраќајна несреќа во Македонија - прегазена жена

Во Куманово во 18 часот и 40 минути на улицата „Иво Лола Рибар“ се случила сообраќајна незгода во која патничко моторно возило “Пежо 306“ со кумановски регистерски ознаки управувано од 63-годишниот М.Ј. прегазило пешак.

Се работи за 63-годишната Р.С. од Куманово, која што се здобила со тешки телесни повреди и со возило на Итна медицинска помош била пренесена во Општа Болница-Куманово каде била задржана на понатамошно лекување.

Увид извршила увидна екипа од Полицијата за Безбедност на патниот сообраќај-Куманово.