-->
-->
Тешка сообраќајна несреќа кај Штип: Автобус се заби во автомобил - има повредени
-->
На магистралниот пат А-3, Делчево-Штип, пред с.Облешево, вчера во 17:.45 часот се случила сообраќајна незгода помеѓу автобус со беровски регистарски ознаки управуван од С.Д.(61) од Берово и возило „Форд Ескорт“ со штипски регистарски ознаки управувано од Д.Д.(35) од Виница. Во незгодата со тешки телесни повреди се здобиле возачот Д.Д. кој е пренесен во Клинички центар-Скопје и сопатниците во возилото дете на возраст од четири години од Виница и Г.С.(41) од Куманово.
Двајцата сопатници се пренесени во Медицински центар Штип, а додека сопатничка, исто така, во возилото „форд ексорт“, Л.М.(24) од с.Лаки-Виница се здобила со телесни повреди и е пуштена на домашно лекување. Увид на лице место извршила екипа од Полициска станица Кочани.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Аналитички центар на Сител: Пресек на излезност до 18:30 часот
-
Аналитички центар на Сител: Пресек на излезност до 15 часот
-
Аналитички центар на Сител: Пресек на излезност до 13 часот
-
Просечна излезност до 11 часот
-
ОБСЕ: На крајот на денот ќе оцениме како се одржало гласањето
-
Аналитички центар на Сител: Просечна излезност до 9 часот
-
Министерот се премисли: Основците нема да одат на училиште во сабота
-
Агресијата кај учениците е резултат на целокупната состојба во државата