Тешка сообраќајка во Скопје - прегазени две девојчиња
Тешка сообраќајна несреќа се случила вчера во 22.20 часот на ул. „Филип Втори Македонски“ во Скопје. Како што информиораат од МВР, патничко возило „Фолксваген Бора“ со скопски регистарски ознаки, управувано од Љ.З. (36) од Скојпе, удрило во две 15-годишни девојчиња од Скопје. Во незгодата, со повреди се здобиле двете девојчиња кои со друго возило биле пренесени во Градската општа болница „Св.Наум Охридски“, каде им била укажана лекарска помош. Кај едното девојче биле констатирани тешки телесни повреди и била задржана на понатамошно лекување, додека кај другото девојче биле констатирани телесни повреди и била упатена на Клиниката за уво, нос и грло при Клиничкиот центар „Мајка Тереза“.
Увид на местото на настанот извршила екипа од СВР Скопје.
Ново на Сител
-
Се уште нема трага од двегодишната Данка, потрагата продолжува
-
Индустриското производство во февруари зголемено за 0,3 отсто
-
ДЗС: Струјата во второто полугодие лани поскапела за 8,2 отсто
-
СДСМ: Нема ништо ново во понудата на ВМРО-ДПМНЕ
-
И Италија ќе го чува македонското небо
-
Објавен конкурсот за уписи во средно училиште
-
Битолчанка пронашла граната додека копала нива
-
До вторник сончево и топло до 29 степени