Македонија
2. February 2018 - 13:09

Тешка сообраќајка во Скопје - повредени две лица

 Синоќа околу околу 22.40 часот на крстосницата од улиците  „11-ти Октомври“,  со „Даме Груев“ и ул. „Филип Втори Македонски“ се случила сообраќајната незгода помеѓу патничко возило „Ауди А-6“ со скопски регистарски ознаки, управувано од Х.Ш.(21) од Скопје и патничко возило „Цитроен Ц3“ со скопски регистарски ознаки, управувано од И.П. (35) од Скопје.

Во незгодата со повреди се здобиле двајцата возачи, како и сопатникот од возилото „Цитроен Ц3“ Д.Р. (35). Во Градската општа болница „Свети Наум Охридски“ им била укажана лекарска помош. Кај Х.Ш. и И.П. биле констатирани телесни повреди, а на Д.Р. му биле констатирани тешки телесни повреди. Увид на местото на настанот извршила екипа од СВР Скопје