Македонија
18. September 2017 - 13:04

Тешка сообраќајка во Штип: Возач удрил мотоциклист и побегнал

Вчера во 16,10 часот во Штип на ул.„Кежовица“ се случила сообраќајна незгода во која патничко возило управувано од засега непознат возач, удрило во моторцикл „Херк“ со штипски регистерски таблици управувано од Д.М.(55) од Штип.

Возачот се здобил со тешки телесни повреди и бил пренесен и задржан на лекување во Клиничката Болница во Штип. 

Увид на местото на настанот бил извршен од страна на увидна екипа од СВР-Штип. 

Се работи на целосно расчистување на случајот.