Македонија
4. May 2017 - 13:55

Тешка сообраќајка во Македонија - Изгубил контрола па завршил во провалија

Вчера околу 14.30 часот на локалниот пат с.Вишни-с.Радолишта, струшко, се случила сообраќајна незгода во која ПМВ „Шкода“ со охридски регистарски ознаки, управувано од И.Т. (34) од Струга, поради неприлагодена брзина на движење спрема условите и состојбата на патот, изгубил контрола над возилото, преминал на левата страна и излетал надвор од коловозот, во провалија. Во незгодата И.Т. се здобил со тешки телесни повреди. Истиот, со возило на Итна медицинска помош бил пренесен во болницата за коскени заболувања Св.„Еразмо“ во Охрид, каде е задржан на лекување. Увид на местото на настанот извршила екипа од ПС Струга.