Македонија
19. јуни 2016 - 12:56

Тешка сообраќајка пред влада, млад скопјанец се бори за живот

На крстосницата меѓу бул. „Илинден“ и бул. „Климент Охридски“ во Скопје ноќеска во 01.12 часот се случила сообраќајна незгода помеѓу патничко возило „мерцедес“ со скопски регистерски ознаки управувано од А.Д.(27) од Скопје и патничко возило „фиат стило“ со кривопаланечки регистерски ознаки управувано од Д.Ј.(26) од Крива Паланка.

Во незгодата со тешки телесни повреди се здобил А.Д. кој бил пренесен и задржан на КАРИЛ во Клиничкиот центар-Скопје.

Од страна на увидна екипа од СВР-Скопје извршен е увид и се работи на целосно расчистување на случајот.