Македонија
14. October 2015 - 13:44

Тешка сообраќајка на Првомајска - Возачот пренесен во Ургентен

Едно лице е повредено во сообраќајна несреќа која околу 12:40 часот се случила на булеварот „Борис Трајковски“, поранешна Првомајска.

Според првичните информации до кои дојде Курир, возачот М.Б. управувајќи со автомобил „Рено Клио“ удрил во бетонски столб на раскрсницата кај Цементара. Истиот со возило на Итна медициска помош е пренесен во Ургентниот центар, но засега нема информации за карактерот на повредите.

Полицијата е на местото на несреќата каде во тек е увидот.