Македонија
29. December 2017 - 15:28

Тешка сообраќајка на патот Куманово - Крива Паланка, еден возач тешко повреден

Вчера околу 18,00 часот на магистралниот пат Куманово-Крива Паланка се случила сообраќајна незгода помеѓу патничко возило “Лада Нива“ со кумановски регистарски ознаки, управувано од С.Д. (49) и патничко возило “Шкода Рапид“ со кривопаланечки регистарски ознаки, сопственост на општина Ранковце, управувано од Т.И. (51) од с.Ветуница, општина Ранковце.

С.Д. поради дефект запрел на коловоз, а во задната страна на неговото возило удрило возилото „Шкода рапид“ . 

По незгодата, возачот Т.И. побарал лекарска помош во болницата во Куманово, каде бил примен и прегледан од лекар кој констатирал телесни повреди. По укажаната лекарска помош тој бил пуштен на домашно лекување. Увид на местото на настанот извршила екипа од СВР Куманово.