Македонија
16. August 2015 - 23:53

Тешка сообраќајка кај Свети Николе, сообраќајот во прекин

Вечерва по 22 часот се случи тешка сообраќајна несреќа на регионалниот пат Свети Николе Овче поле, кај с.Пеширово.

Од АМСМ соопштуваат дека поради сообраќајката има прекин во сообраќајот на таа делница.

Засега нема информации за околностите поради кои дошло до сообраќајната несреќа, ниту пак за повредените.