-->
-->
Тешка сообраќајка кај Куманово три лица повредени
-->
Три лица се повредени во сообраќајната незгода што се случила утрово во 08.30 часот на регионалниот пат Куманово-Скопје кај Ново Село.
Како што информираше портпаролот на СВР Куманово, Валентина Николовска, сообраќајната незгода се случила кога автомобил „ауди а4“ поради недоволно држење растојание удрил во товарно моторно возило „Ивеко“. Двете возила се движеле кон Куманово. Аудито со кумановски регистарски таблички го управувал С.Ј. 19 годишен возач од липковско Ропаљце, кој се движел зад товарното возило со битолски регистарски таблички, управуван од 48 годишниот кумановец Б.П.
Во сообраќајката повредени се сопатник од товарното возило и две лица од автомобилот.
Дежурниот хирург од кумановската болница,доктор Зоран Стојковски информираше дека кај едното лице има повреда на десната страна од градниот кош, по што по укажаната помош е задржана на оспервација. Другите двајца повредени се здобиле со телесни повреди.
Увид на местото на настанот изврши екипа на СВР Куманово.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Неврохирург со амбиција за промени во општеството | Венко Филипче | Неформално | Sitel Podcast 028
-
Вработена во битолско средно училиште нападната од колешка
-
Поради одржување предизборни митинзи в сабота и недела изменет режим на сообраќај во Скопје
-
Во општините Дебар и Центар Жупа повеќе гласачи од жители
-
Тепачка помеѓу две колешки во средно училиште во Битола
-
Вчера пријавени два различни случаи на физичко насилство на Бит Пазар
-
Приведени сопружници од Скопје
-
Во Прилепско во тек се теренски акции за имунизација