Балкан
26. July 2016 - 9:17

Тешка сообраќајка: Две момчиња загинаа кај Папрача, едно е тешко повредено

Две момчиња, 19 годишниот Душан Јакшиќ и 20 годишниот Драгољуб Иваниќ загинале вчеравечер во тешка сообраќајна несреќа на магистралниот пат Зворни - Шековиќи, на местото Папрача.

Возачот на автомобилот, 19 годишниот Стефан Јакшиќ е тешко повреден, пренесува Блиц.рс.

Според очевидците, возилото со кое управувал Стефан Јакшиќ, при голема брзина претекнал друг автомобил и со возачката страна удрил на десната страна од коловозот, потоа во столб од далековод, по што се превртело возилото на кров.

Увидот на полициските тимови е во тек.