-->
-->
Тешка кражба во куќа во изградба во Волково
-->
Скопјанката С.Н. (59) во Полициската станица Ѓорче Петров пријавила дека во периодот од 19 часот на 12 ноември до 10 часот вчера непознат сторител извршил тешка кражба во нејзината куќа во изградба во скопското село Волково.
МВР информира дека сторителот насилно влегол во куќата и одзел една бормашина, две хилти, моторна пила за сечење дрва, околу три килограми бакарни цевки, три котура ПВЦ кабли, едно куќиште и еден монитор за компјутер и разновиден алат.
Откако го извршил делото, сторителот побегнал во непознат правец, стекнувајќи се со противправна имотна корист од околу 80.000 денари. Се преземаат мерки за пронаоѓање на сторителот и за целосно расчистување на случајот.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
ДИК: Заврши увидот во Избирачкиот список и регистрацијата на гласачите од дијаспората
-
Ковачевски: Владата подготви закон за рестриктивни мерки, Милошоски да го стави на комисија
-
Трамп: Ако победам, ќе го депортирам принцот Хари доколку лажел на апликацијата за виза
-
ДИК: Црната листа на САД не може да влијае врз претседателската кандидатура на Стевчо Јакимовски
-
Бебе загина во сообраќајка на патот Струмица-Ново Село
-
Приведен дебранец поради агресивно однесување кон полициски службеници
-
Разбиена криминална мрежа во Атина која регрутирала малолетни девојчиња и ги принудувала на проституција
-
Претрес во Скопје, пронајдена дрога и украдени часовници - Приведени три лица