Македонија
15. December 2017 - 12:23

Тешка кражба во Гостивар - крадците однеле се што заштедил

Гостиварчанец  остана без своите пари и златен накит. 

- Вчера  во периодот од 11.30 до 23.30 часот, непознати сторители извршиле тешка кражба во куќата на Ф.Ј. (45) од Гостивар. Сторителите насилно го отвориле прозорецот во приземјето, влегле внатре, и одзеле повеќе парчиња разновиден златен накит и бижутерија, по што побегнале во непознат правец. На тој начин, според пријавеното, сторителите се стекнале со имотна корист од околу 180.000 денари., соопштуваат од тамошната полиција.

Се преземаат мерки за пронаоѓање на сторителите и за целосно расчистување на случајот.