Македонија
15. јуни 2017 - 14:04

Тешка кражба: Украден пиштол од стан во Кисела Вода

Вчера во периодот од 10.20 до 17.00 часот во Скопје, на ул. „Oгњен Прица“, во станот сопственост на М.Ф. (58) непознат сторител извршил тешка кражба.
 
Сторителот влегол внатре и одзел пиштол „Бровинг“ калибар 9мм, кој со дозвола го поседувал М.Ф.. После тоа сторителот избегал во непознат правец.
 
Се преземаат мерки за пронаоѓање на сторителот и за целосно расчистување на случајот.