Свет
5. September 2016 - 20:19

Терористи од ИСИС му ја отсекоа раката со мачета и чекан

ИСИС објавија нови фотографии на кои се гледа како терористите на еден човек му ја сечат раката, затоа што бил обвинет за кражба.
 
Фотографиоте го откриваат моментот пред да му биде отсечена раката на човекот, а сето ова се случило во рака, главниот град на таканаречената исламска држава, пренесува „Daily Mail“.
 
Целиот настан се случил пред голем број мажи и момчиња, а била извршена откако неговите злосторства биле прочитани.