Тереза Меј: Кина мора да изврши поголем притисок врз Северна Кореја
Британскиот премиер Тереза Меј изјави во Кјото, на почетокот на својата посета на Јапонија, дека Кина мора да изврши притисок врз Северна Кореја во врска со ракетните проби.
- Кина им клучна улога во целата оваа работа и Пекинг треба да направи се што може, за да се интензивира притисокот, истакна Меј.
Британскиот премиер вети дека Лондон двојно ќе ги зголеми своите напори, заедно со британските меѓународни партнери, за да се изврши уште поголем притисок врз Пјонгјанг, за да престане со оваа своја илегална активност.
Изјавата на Меј доаѓа по вчерашната нова ракетна проба на Северна Кореја, со која за првпат беше лансирана ракета кон Јапонија.
Ракетата ги надлета северните делови на јапонскиот остров Хокаидо, пред да падне во водите на Пацификот.
- Станува збор за исклучителен акт на провокација, изјави Тереза Меј, инсистирајќи дека целата севернокорејска програма за проби на своите оружје е илегална.
Тереза Меј ќе престојува во тридневна посета на Јапонија во текот на која ќе има средби и разговори со својот домакин, премиерот Шинѕо Абе, како и со претставници на јапонскиот бизнис.
Целта на посетата е отворање на разговорите за идните трговски односи меѓу двете земји, посебно по излегувањето на Велика Британија од ЕУ.
Предвидено е во Токио, Меј да се сретне и со јапонскиот император Акихито.
Ново на Сител
-
79-годишен дедо нападнал полицаец во Куманово
-
Грк починал во битолско казино
-
Во Штип на гласање до 9 часот излегле 5,27 отсто од гласачите
-
Излезноста до 9 часот во Општина Тетово е 3,2 отсто
-
Излезноста во Струга до 9 часот 2,4 отсто, во Вевчани 5,5 проценти
-
Во Неготино до девет часот гласале 5.83 проценти од гласачите
-
До 9 часот во Дебар еден отсто, во Центар Жупа 1,9 отсто излезеност
-
Во Велес и Велешкo до 9 часот излезеноста е 4,97 проценти