Свет
9. јуни 2017 - 16:44

Тереза Меј договори коалиција

Новата британска влада ќе биде коалициска. Конзервативната партија го загуби  апсолутното мнозинството во парламентот од 640 места.  Досега имаша 330 а  сега  освои 319 мандати. За асполутна победа, што би овозможило самостојно формирање влада потребни се најмалку 326 пртатеници. Наместо да профитира, премиерката Меј  доживеа фијаско бидејќи таа се надеваше дека предвремните избори ке ја засилат нејзината позиција во пресрет на преговорите со Брисел за Брегзитот. Лидерот на опозициксите лабурсти  ја повика Меј да си поднесе оствака.Ја обвини за дестабилизација на земјата во време кога и е потребна стабилност за сите предизивки со кои таа се соочува , а не само околу Брегзтит. 

-Премиерката ги распиша изборите бидејќи сакаше мандат.  Па мандатот што го доби  е изгубени места за конзервативците, изгубени гласови, изгубена подршка и изгувена доверба. Мислам дека тоа е доволно за да заминете, порача Џереми Корбин лидер на лабуристите.

Меј порача дека нема да се повлече и изрази подготвеност да предводи малцинска влада.Конзерватиците добија подршка од северноирската Демоктарска унионистичка партија за состав на новата влада.

    – Во ова време, повеќе од што било друго на оваа земја  и е потребен период на стабилност. Конзервативната партија осови најмногу места и тоа сега е наша обврска да се осигураме дека ќе го имаме тој период на стабилност, и тоа ќе го направиме  вели Тереза Меј .

Лабурстите  освоија 261  место , односно 29 повеќе  отколку што имаа претходно. На трето место се либералдемократите по што следува шкотската национална партија.  Инаку за десет дена  Лондон треба да ги почне преговорите со Брисел  за излез на земјата од европскиот клуб.   Дел од европските челници оценија дека Лондон сега е  слаб и лош пратнер за преговарање.