Македонија
25. јуни 2017 - 21:15

Тереза Кесовија ја отвори осмата традиционална меѓународна ликовна колонија Вевчански видувања

Хрватската дива Тереза Кесовија со настап на неповторливите шансони ја отвори осмата традиционална меѓународна ликовна колонија Вевчански видувања. Многубројните присутни под падинините на Јабланица уживаа во изведбата на моќната пејачка ,спонтаната интеракција со публиката и прекрасниот амбиент. Кесовија која зад себе има 56 годишно искуство на музичката сцена не го криеше задоволството што после долго време доаѓа повторно во Македонија воодушевена од Вевчани и природните убавини.

Годинава 30тина реномирани уметници од Македонија, Грција, Србија, Русија, Албанија, Франција, Египет, Виетнам и други држави ќе творат инспирирани од Вевчанските извори и недопрената природа.

Вевчанската ликовна колонија низ годините на постоењето стана препознатлива и прочуена културна манифестација ширум светот. Дела од оваа колонија во месец април беа изложени во Москва, а претходно слики беа претставени на меѓународни изложби во Подгорица, Софија и „MC Gallery“ во Њујорк, САД.