Македонија
23. March 2016 - 10:33

Теренска проверка на 89.383 лица, административна на 107.660

Државната изборна комисија (ДИК) синоќа на седница објави дека на терен ќе се проверуваат 89.383 записи, откако вчера беа направени дополнителни проверки од страна на ИТ експертите на лица кои се повторуваат по повеќе основи. Административно ќе се проверуваат 107.660 лица. 

Претходно вчера Комисија објави дека ќе се проверуваат 100.436 записи од вкрстената и граѓанската проверка преку веб - апликацијата. 

Комисијата на синоќешната седница усвои анекс на Извештајот од проверките во кој се наведени овие бројки. Исто така се утврди начин по постапување по пријави од граѓани од веб-апликацијата на ДИК. 

Комисијата информираше дека 6.795 граѓани пријавиле неправилности во избирачкиот список преку веб - апликацијата на ДИК. Компјутерските стручњаци на ДИК ќе преземат 6.018 пријави да проверат дали некои од нив се наоѓаат во записите д вкрстената проверка по што ќе се знае колку ќе бидат проверувани на терен, а колку административно.

Државната изборна комисија денеска ги започнува обуките за овластените анкетари кои ќе ја вршат теренската проверка.