Тепачка во Скопје - маж итно пренесен на Ургентно
Тепачка во Скопје, повредено едно лице.
- Во понеделникот околу 22 часот од Ургентен центар Скопје пријавено е дека било донесено повредено лице и дека станува збор за Џ.А.(41) од Скопје, кој имал две убодни рани и расекотини на рацете и по санирањето на истите тој е пуштен на домашно лекување. Од извршениот разговор со повредениот Џ.А. и пријавениот И.А.(27) констатирано е дека околу 20.15 часот во с.Буковиќ во близина на поштата истите го нарушиле јавниот ред и мир со меѓусебна тепачка каде Џ.А. удирајќи го со рака и стап И.А. во пределот на лицето и грбот му нанел повреди, по што истиот со нож му нанел на Џ.А. повреда на рацете и ногата во вид на расекотина и убодни рани, информираат од МВР
Се преземаат мерки за целосно расчистување на случајот.
Ново на Сител
-
Силјановска Давкова и Пендаровски во вториот круг претседателски избори
-
Првични резултати на ДИК
-
Норвешка донира 76 возила на македонската Армијата
-
Димитриевски победи во Куманово, Таравари во Гостивар, а Јакимовски загуби во Карпош
-
Пасоши на воено способните Украинци ќе се издаваат само во земјата
-
Столтенберг во дводневна посета на Германија
-
Сообраќајот тековно, по наместа влажни коловози
-
Променливо облачно со повремен дожд