Македонија
17. August 2017 - 13:57

Тепачка во ресторан во Бутел, едно лице тешко повредено

Едно лице е тешко повредено по тепачка која вчера попладне се случила во ресторан на ул. „Босна и Херцеговина“ во скопски Бутел.

Од полицијата информираат во ресторанот настанала тепачка помеѓу шест непознати лица.

-Во тепачката едно од лицата со стаклен пепелник го удрило лицето Н.Н. (22) од Скопје во пределот на десното око. Повредениот бил пренесен во Градската општа болница „8-ми Септември“, од каде бил препратен во Клинички центар „Мајка Тереза“. Од страна на лекар му биле констатирани тешки повреди и бил задржан на понатамошно лекување, информираат од полицијата.

Се преземаат мерки за целосно расчистување на случајот.