Македонија
24. May 2017 - 16:13

Теодора Силјаноска член на жирито на фестивалот на Југоисточна Европа во Берлин

Теодора Силјаноска, студент на втора година на мултимедијална режија на Универзитетот за аудиовизуелни уметности од Скопје-ЕСРА, е избрана за член на меѓународното жири на млади од регионот кое ќе ги оценува 15-те играни филмови селектирани во годинашниот Фестивал на кинематографиите на Југоисточна Европа SEE a Berlin 2017.

- Оваа практика на иницијатива на француско-гермаската организација OFAJ е воведена пред три години и има цел да ги зближува младите од регионот на Југоисточна Европа на патот на европските интеграции на балканските земји, соопшти ЕСРА. 

Фестивалот свечено ќе биде отворен утре, а прогласувањето на наградите ќе биде во познатото берлинско кино „Бабилон“ на 28 мај.

Во официјалната конкуренција учествува македонскиот игран филм „Златната петорка“ во режија на Горан Тренчовски.