Македонија
13. September 2017 - 19:03

Тензии на почетокот на расправата за законот за јазиците- ВМРО-ДПМНЕ тврди дека е антиуставен

Парламентарното мнозинство го одби предлогот на опозицијата за повлекување на Законот за употребата на јазиците.

Собранието попладнево беше на работ на нов инцидент откако Талат Џафери одби да даде еден час пауза по барање на Илија Димовски.

Координаторот на првата пратеничка група на ВМРО-ДПМНЕ процедурално реагираше на голем број прекршувања на процедурите и Деловникот за работа на Собранието.

ВМРО-ДПМНЕ и Коалицијата за подобра Македонија побара Законот за употребата на јазиците да биде целосно усогласена со Уставот и Охридскиот рамковен договор.

Собранието без одлагање да ја запре процедуарата за негово изгласување и наместо тоа да организира јавна дебата на која ќе бидат поканети експерти од сите засегнати области.

Опозицијата обвини дека власта намерно ги прекршува собраниските процедури со цел да ја скрати расправата и час поскоро да го изгласа законот.

Откако минатата недела Законот за употребата на јазиците доби зелено светло од комисијата за европски прашања, утрово беше поддржан и од комисијата за политички систем со 9 гласа за и 6 против. Собраниската расправа по оваа точка ќе стартува утре.