Македонија
13. September 2017 - 17:25

Тензичен старт на расправата за законот за јазиците- ВМРО-ДПМНЕ тврди дека е антиуставен

По расправијата и дискусијата што ја имаше со пратениците од ВМРО-ДПМНЕ откако не даде едночасовна пауза по барање на кординаторот на ВМРО-ДПМНЕ Илија Димовски со образложение дека ја побарал по истекот времето предвидено за процедурална забелешка, претседателот на Собранието на Република Македонија Талат Џафери сепак даде пауза, но, како што рече, поради тоа што се создале услови за договор.