Македонија
13. November 2016 - 12:19

Температурен шок не очекува во наредните денови во Македонија

Времето во Македонија ќе биде сончево со мала до умерена локална облачност. Во западните делови ќе има поголемо наоблачување и услови за слаб локален дожд, а на планините ќе има повремен слаб снег.  Преку денот ќе дува слаб до умерен северен ветер.
 
Утринската температура ќе се движи од три до осум, а дневната од девет до 13 степени.
 
Во Скопје слично време, сончево со мала до умерена облачност и со слаб до умрен северен ветер. Утринската температура ќе се спушти до четири, а дневната ќе се искачи до 12 степени.
 
Во почетокот на наредната недела времето ќе биде сончево со мала до умерена облачност, но постудено. Во вторник се очекува слаб локален дожд. Утринските температури на повеќе места ќе се спуштат под нулата. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец.