Македонија
11. September 2017 - 17:58

Темни облаци над Македонија: УХМР најавува невреме до вечер

Нестабилнaта воздушна маса полека се преместува кон исток, односно од албанското подрачје полека се префрли на нашата територија.

Нестабилна облачност има  во југозападниот дел од земјата и го зафати охридско струшкиот и дебарскиот регион.

Нестабилно време со поројни врнежи и грмежи се очекуваат од попладне и во текот на ноќта. Локално се очекува процесите да бидат поинтензивни, особено во западните делови, а ќе дува и засилен јужен ветер.

Локални врнежи од дожд со ретки грмежи ќе има и утре претпладне, а во текот на денот  постепено ќе престануваат. Во среда ќе има услови за краткотраен локален дожд.

Во наредните денови ќе провладува стабилно време и малку посвежо но понатаму температурата ќе има тенденција во постепен пораст, која во среда ќе достигне до 32, четвртток 33, петок 34, сабота до 35 и недела до 36 степени.

Кон крајот на денот и во вечерните часови ќе ја зафати целата наша земја.