Живот
29. September 2015 - 8:56

Темата на Бонд од Сем Смит ги подели фановите

Темата на „Spectre“, најновиот филм за Џејмс Бонд, кој деновиве ја објави нејзиниот автор и изведувач Сем Смит, ги подели љубителите на популарната франшиза. 

И додека фановите на британскиот пејач се со пофалби за песната која ја нарекуваат „вистинска класика“, нејзините критичари остро ја оспоруваат, истакнувајќи дека тоа „ни од далеку не личи на темата на Бонд“.

Песната „Writing’s on the wаll“ објавена е месец дена пред премиерата на филмот „Spectre“, со Даниел Крејг во главна улога. Во Велика Британија и Ирска филмот ќе можат да го гледаат од 26 октомври, а во остатокот од светот од 6 ноември.

Меѓу првите кои му честиташе на Смит на „извонредната оркестрирана“ нумера беше глумецот Роџер Мур, седмократен Џејмс Бонд, кој своето воодушевување го изрази преку Твитер.

Дел од јавноста сепак не го криеше своето разочарување од песната која многумина ја споредија со хитот „Earth song“ од Мајкл Џексон. А имаше и такви кои песната на Смит ја нарекоа „најлоша Бондова тема во историјата“.

Смит, кој зад себе има една Греми награда, е прв британски пејач кој ја пееше темата на агентот 007 од каде Том Џонс изведе насловна песна за филмот „Операција гром“ во далечната 1965 година.

„Притисокот на кој сте изложени кога пишувате песна за Бонд, од која се очекува да биде достојна на претходните нумери е многу голем“, призна 23-годишниот музичар за весникот „Сан“.

Тој потенцира дека режисерот на филмот Сем Мендес, го надгледувал пишувањето на текстот на песната за да се увери дека Бонд „не е прикажан како слабич, туку дека се уште делува моќно“.

Аджај Чаудури од Меѓународниот клуб на фанови на Џејмс Бонд изјави дека песната „автоматски стекнала статус на класична Бондова тема“.

Според него, постојат три вида на песни на Бонд: бомбастични како „Goldfinger“ која ја пееше Ширли Бејси, мрачни, меланхолични балади како што е „You only live twice“ во изведба на Ненси Синатра и херојски рок химни по примерот на „Live and let die“ на Пол Макартни.

„Песната на Сем Смит припаѓа на втората категорија на песни“, заклучи Чаудури.