Свет
20. December 2016 - 11:27

Телото на амбасадорот Карлов ќе биде транспортирано во Москва

Телото на вчера убиениот амбасадор на Русија, Андреј Карлов денеска ќе биде транспортирано во Русија.

На аеродромот е планирана церенонија со ограничен број на учесници, претставници на дипломатскиот кор и на турски претставници.

Амбасадата на Русија соопшти дека ќе предложи Карлов да биде одликуван со државна награда.

- Нападот го сметаме за провокација со цел да се поткопа процесот на нормализација на билатералните односи, како и во голем степен да не се дозволи ефективна борба против тероризмот во Сирија, истакна портпаролката на Амбасадата, Ирина Касимова.

Синоќа во Руската амбасадата сочувство изразија турскиоит заменик-премиер Ертугрул Тјурке, и замениците-министри за надворешни работи Ахмет Јилдаз и Јумит Јардам, поранешен амбасадор на Турција во Москва. ми/ссм/11:00