Македонија
28. January 2016 - 16:25

Телеграф: СЈО со закани и уцени собира докази

Закани со оружје, изнуда на искази и грубо газење на човековите права се методите со кои тимот на Катица Јанева се обидувал да изврши незаконски притисок врз лица кои ги повикувале на разговор надвор од било каква законска процедура, јавува Телеграф повикувајќи се на свои извори.

Порталот пишува дека специјалното обвинителство е соочено со недостаток на докази за било каков криминал од една и силен притисок од Заев од друга страна да се процесуираат лсучаи по секоја цена. Во таква ситуација, одговорните во ова обвинителство започнале да се однесуваат исклучително агресивно и да ги злоупотребуваат добиените овластување.

Со овие дејства, како што пишува порталот, ти практично ги отпочнале подготвителните активности за мастерпланот на Заев и Катица Јанева за одложување на изборите. Целта на овој план, како што вчера објави Сител е да се исценираат случаи без никакви докази и да се врши упади и претреси по домови. Според последните информации, Заев на Јанева и дал рок дека ова сценарио треба да биде реализирано до 10 февруари, односно пред доаѓањето на Хан во Скопје.

Сител вчера објави дека неодамна се одржала и тајна средба меѓу Заев и Јанева на која се договарало како да се побегне од изборите. Заев барал од Јанева да го преземе и случајот со неговиот сопартиец Чаушот.

Сител вчера објави дека двајца обвинители од тимот на Јанева кои се исклучително блиски до СДСМ се назначени како директен линк меѓу Специјалното обвинителство и опозицијата и секојдневно се координираат со Оливер Спасовски. Во наредните денови, тие треба во координација со полициските структури кои ги инсталираше Спасовски во МВР да почнат претреси во домовите на повеќе лица кои според планот би се вршеле во ноќните часови или за време на викенди, иако дел од тимот на Јанева бил свесен дека е апсурно да се оди на оваа варијанта бидејќи однапред се знае дека ништо не може да биде пронајдено.

Во јавноста веќе нема дилема дека Катица Јанева е само еден дел од структурите на опозицијата и дека нејзината задача ќе биде да одработи во корист на СДСМ и да му помогне на Заев да ја намали огромната разлика до рејтингот на Груевски. Во таа насока, Јанева му овозмжи на Заев да не ги предаде незаконски прислушуваните материјали во закоснка процедура  за што е повикана на одговорност во Советот на Јавни обвинители.