Македонија
17. January 2018 - 9:39

Телефонски разговор Заев-Борисов: Бугарија ќе го ратификува Договорот за добрососедство

Комисијата за надворешна политика и Комисијата за европски прашања и контрола на европските фондови, денеска ќе ја разгледуваат  ратификацијата на Договорот за пријателство, добрососедство и соработка меѓу Република Бугарија и Република Македонија во Бугарија.

Во понеделникот, со 61 гласа и ниеден против, без присуство на опозицијата, Договорот беше ратификуван во Македонија.

Договорот за пријателство, добрососедство и соработка меѓу Бугарија и Македонија гарантира долгорочно градење пријателски односи меѓу двете земји. Ова го констатирале Бојко Борисов и македонскиот премиер Зоран Заев.

„Во телефонскиот разговор Борисов и Заев беа едногласни дека Договорот гарантира долгорочно градење пријателски односи меѓу Бугарија и Македонија и е стабилна основа за соработка во регионот, врз база на европските вредности“, пишува во соопштението од кабинетот на Борисов.

Инаку, Собранието го ратификуваше Договорот за добрососедство со Бугарија.