Телефонски разговор на Ердоган и Трамп за сириската криза
Турскиот претседател Реџеп Тајип Ердоган денеска соопшти дека имал телефонски разговор со американскиот претседател Доналд Трамп за сириската криза, но и за други регионални прашања.
Во телефонскиот разговор, како што соопшти Кабинетот на турскиот претседател, станало збор и за односите помеѓу Турција и САД.
Телефонскиот разговор следи неколку дена откако Ердоган присуствуваше на трилатералната средба со лидерите на Русија и Иран во Сочи, посветена на мирно решавање на сириската криза.
Пред разговорот, Трамп на социјалната мрежа Твитер објави дека со Ердоган ќе разговара „за да донесе мир во хаотичната област, што ја наследи на Блискиот исток“.
- Ќе го средам тоа, но каква грешка е во животите и доларите да се биде таму, напиша Трамп.
Американскиот претседател претходно наведе бројка од 6.000 милијарди долари како трошок на САД во судирите на Блискиот исток.
Ново на Сител
-
Силјановска Давкова и Пендаровски во вториот круг претседателски избори
-
Првични резултати на ДИК
-
Норвешка донира 76 возила на македонската Армијата
-
Димитриевски победи во Куманово, Таравари во Гостивар, а Јакимовски загуби во Карпош
-
Пасоши на воено способните Украинци ќе се издаваат само во земјата
-
Столтенберг во дводневна посета на Германија
-
Сообраќајот тековно, по наместа влажни коловози
-
Променливо облачно со повремен дожд